КБК Предатор освои пет медали на 20. WAKO Балкан опен турнир во Тешањ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кик-бокс клубот Предатор освои пет медали на 20. WAKO Балкан опен турнир, кој се одржа во Тешањ, Босна и Херцеговина.

Клубот настапи со шест натпреварувачи, кои остварија успешен резултат со еден златен, три сребрени и еден бронзен медал.

 

 

Натпреварувачите на Предатор настапија храбро, а клубот успеа да стигне до четири финалиња, од кои едното го заврши со златен медал, додека во останатите три освои сребро.

Највисокото одличје го освои Павел Јакимовски, кој триумфираше во дисциплината лајт контакт, во категоријата до 69 килограми за почетници.

 

 

Сребрени медали освоија Данило Методиевски во лајт контакт, категорија до 71 килограм, Марио Радевски во лајт контакт, јуниори до 79 килограми, и Анди Љатифи во лајт контакт, постари јуниори до 81 килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој нападнал обезбедување во казино

Со бронзен медал се закити Михаил Младеновски, кој настапи во дисциплината К-1, во категоријата постари јуниори до 75 килограми.

 

 

Алекс Мартиновски се натпреваруваше во две категории, лајт контакт за почетници над 69 килограми и во регуларната категорија. Иако овојпат не успеа да стигне до победа, настапите му донесоа драгоцено искуство за следните натпреварувања.

 

 

Успешниот настап на клубот беше дополнет и со признание за тренерскиот тим. Тренерите Оливер Милорадовски и Јован Крстевски добија пофалница од организаторот за учеството на турнирот.

 

 

Покрај освоените одличја, учеството донесе и ново натпреварувачко искуство и пријателства со претставници на други клубови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Променливо време, температурите во благ пад

 

Никола Ивановски