Товарен воз излета од шините синоќа во руската област Свердловск, седум цистерни се запалија, а нема жртви, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби.
Во соопштението се наведува дека 20 вагони излетале од шините, а пожарот е локализиран на површина од 1.500 метри квадратни, пренесе ТАСС.
Сообраќајот во областа е запрен.
Причината за инцидентот засега не е позната, а ќе се утврдува во текот на истрагата.

