Ким Џонг Ун им порача на војниците: „Подгответе се да бидете најсилни во светот“

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја повика војската да стане најсилна во светот и да ги трансформира сите чети во елитни единици целосно подготвени за борба, истовремено зајакнувајќи ги воените и техничките капацитети, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Дандонг, Кина, за да ја посети соседната земја, објави денес јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на Министерството за обединување на Јужна Кореја.

Тој пристигна во Кина преку неодамна отворениот мост што ги поврзува двете земји.

 

 

Портпаролот на министерството немаше коментар за таа информација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Балистичка ракета лансирана од Хутите беше пресретната над Ријад

Ким претходно ја повика севернокорејската војска да се подготви да стане најсилна во светот за време на дводневниот состанок на командантите на чети што се одржа во четврток и петок во Пјонгјанг, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Тој повика сите чети да се трансформираат во воено и технички силни елитни единици и да станат целосно подготвени за борба.

Повикот на Ким за „воена револуција“ дојде неколку дена откако Јужна Кореја предложи воени разговори за линиите за демаркација во централниот дел од Демилитаризираната зона (ДМЗ), по неколку сериозни инциденти.

 

 

Линијата за демаркација ја следи позицијата на фронтот на крајот од Корејската војна и е дефинирана со мапа прикачена на договорот за примирје од 1953 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По лажните вести дека починатл, Ким Џонг Ун пристигна во Кина

Според KCNA, состанокот на командантите бил првиот собир на кој учествувала целата војска од партискиот конгрес во февруари, за време на кој Ким повика на зајакнување на конвенционалните сили и ги потврди плановите за развој на нуклеарен арсенал и ракети.