МКК Куманово утре против непобедениот Работнички

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на гостински терен ќе се обидат да стават крај на низата од три победи на Работнички.

Токму Работнички и МЗТ се единствените клубови кои од досегашните три натпревари немаат забележано пораз, а избраниците на Марин Докузовски утре ќе имаат можност тоа да го променат.

Кумановци од почетокот на сезоната имаат две победи и еден пораз, што моментално ги рангира на четвртата позиција, веднаш зад Кожув со кој имаат ист број бодови.

Утрешниот меч се игра од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затвореник пронајден починат во кумановскиот затвор