Руските сили нападнаа термоцентрала во Украина: Суспендирано производството на електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Украинската енергетска компанија ДТЕК денес објави дека една од термоцентралите на тој холдинг е значително оштетена во руските напади, поради што централата престана да произведува електрична енергија.

Руските сили извршија масовен напад врз една од термоцентралите, како резултат на што централата престана да произведува електрична енергија, изјави компанијата, додавајќи дека опремата на централата претрпе значителна штета, објави Укринформ.

Компанијата изјави дека нејзините термоцентрали биле цел на напади повеќе од 230 пати од почетокот на руската инвазија на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите го гранатираа Киев и 11 региони во текот на ноќта, Зеленски бара итна помош од сојузниците