Лувр се затвора поради најавените протести во Париз

Сподели со своите пријатели

Музејите Лувр, Орсеј и Пикасо во Париз, како и изложбениот простор Гран Пале, ќе бидат затворени во сабота, 24 октомври, поради најавените демонстрации во француската престолнина, објави синоќа Министерството за култура.

Поради најавените нови протести, француското министерство, исто така, ги повика сите институции под негова надлежност да преземат сите мерки за да се обезбеди безбедноста на посетителите, заштитата на вработените и зачувувањето на уметничките дела, објави „Фигаро“.

Ова соопштение дојде откако саемот за современа уметност Арт Базел Париз вчера објави дека се откажани и последните два дена од настанот во Гран Пале.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес ја погоди Сицилија

Нови протести, познати и како „Вториот чин“, беа најавени за 24 октомври првенствено во главниот град, но и во други поголеми градови на Франција како што се Марсеј, Лион, Ница, Бордо.