„Деца на предно седиште – НЕ“: Кампања за безбеден сообраќај во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска спроведе кампања на повеќе локации во градот, со цел да ги потсети возачите на законските ограничувања за превоз на деца на предното седиште во возилата.

 

 

Во рамки на кампањата „Деца на предно седиште – НЕ“, беше упатен апел до возачите да ги почитуваат правилата за безбедност во сообраќајот, особено забраните за превоз на бебиња во транспортери на предното седиште, како и на деца помлади од 12 години, согласно законските ограничувања.

 

 

Од Отсекот за превенција посочуваат дека при предизвикување сообраќајна незгода поради невнимание на возачот и загрозување на животите на патниците, ќе се преземаат најстроги законски мерки против возачите, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Кривичниот законик, доколку по нивна вина дојде до несакани последици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска неколку локации во Куманово

 

 

Началничката на Отсекот за превенција, м-р Лиле Младеновска, упати апел до сите возачи за најстрого почитување на Законот за безбедност на сообраќајот, со цел да се избегнат несакани последици по сопатниците и другите учесници во сообраќајот и да се спречат сообраќајни незгоди со тешки и опасни повреди.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски