140 садници јасмин ќе го красат малиот плоштад „Маршал Тито“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На малиот плоштад „Маршал Тито“ во Куманово засадени се 140 садници јасмин, во рамки на проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Со акцијата се предвидува уредување на јавниот простор и збогатување на зелените површини, со цел создавање позелена и попријатна животна средина за граѓаните.

 

 

Димитриевски упати апел до граѓаните да покажат одговорност и да се грижат за новозасаденото зеленило, нагласувајќи дека неговото зачувување е заедничка обврска.

 

 

– Да покажеме одговорност и грижа и заеднички да го зачуваме новото зеленило – зеленилото е наше заедничко богатство, порача Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Под дејство на алкохол кумановци оштетиле продажен објект, едниот се здобил и со повреди

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски