Приведен кумановец кој нападнал обезбедување во казино

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец рано утринава бил приведен по пријава дека физички нападнал вработен во казино во Куманово.

– На 19.10.2026 во 04:10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.К.(38) од Куманово, затоа што во казино на плоштад во Куманово нападнал вработен од обезбедување, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во драматична завршница МКК Куманово го совлада Тиквеш