62-годишен кумановец излетал со багер и удрил во ограда од куќа

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен кумановец вчеравечер изгледал од патот со работна машина и удрил во ограда од двор.

– На 15.10.2026 во СВР Куманово е пријавено дека околу 22:25 часот на ул.„Вараждинска“ во Куманово, работна машина багер, управуван од В.А.(62) од Куманово, излетал од патот и удрил во ограда од двор, сопственост на Ж.М. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во незгодата, како што додаваат од полицијата, нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска две населени места во кумановско