Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, а во некои области земјотреси беа почувствувани со интензитет до пет степени, соопшти денес руското Министерство за вонредни ситуации.
Земјотреси со интензитет до четири степени беа почувствувани во некои делови од Петропавловск-Камчатски, Уст-Камчатски и Алеутски области, додека достигнаа пет степени во Виључински и Јелизовски области, се вели во соопштението објавено на платформата Max.
Според податоците од огранокот на Геофизичката служба на Руската академија на науките во Камчатка, епицентарот на земјотресот бил на копно, во областа Јелизов, 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшретск, на длабочина од 128 километри.
Службите за итни случаи не добиле повици поврзани со земјотресот, а не е издадено никакво предупредување за цунами.

