Унапредување на верските слободи, еднаков третман на сите верски заедници и зајакнување на меѓуверскиот дијалог се дел од резултатите што ги истакна Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, во рамки на отчетот на ЗНАМ за двегодишното работење во Владата.
Нејзиниот отчет ви го пренесуваме интегрално во продолжение:
„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува да ја потврдува својатапосветеност на одговорно, професионално и отчетно работење воинституциите, со конкретни резултати во интерес на граѓаните и државата.
Во рамки на отчетот за две години учество во Владата, Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, ги презентираше резултатите од работењето насочено кон унапредување на верските слободи, меѓуверскиот дијалог и зачувувањето на духовното и културното наследство на Македонија.
Во изминатите две години, Комисијата реализираше 60 средби со верски лидери и претставници на институции и организации, 20 активности преку трибини, форуми, работилници и обуки, како и низа иницијативи за унапредување на законската рамка и образованието.
Меѓу позначајните активности се иницијативата за изборен предмет „Етика“ во образованието, предлозите за измени на Законот за правната положба на црквите и верските заедници, потпишувањето декларација за спречување насилен екстремизам и зајакнувањето на меѓународната соработка во областа на верските слободи.
Во завршна фаза се и дигиталната верска карта и Стратегијата за развој на верскиот туризам, а започнати се активности за формирање галерија – мини музеј на верските заедници и за систематско чување на документацијата од трајна вредност.
Политиката на ЗНАМ е јасна: институциите мора да бидат сервис награѓаните, а не средство за привилегирање на поединци или групи.Тоа подразбира еднаков третман на сите верски заедници, почитување наразличностите, доследно почитување на секуларниот карактер на државата иградење општество засновано врз заемна почит и соработка.
„Ниту една верска заедница да не биде привилегирана и ниту една да биде запоставена“ – е принципот по кој работи Трајковска, нагласувајќи дека функцијата не е цел сама по себе, туку одговорност што се оправдува со работа и резултати.
За ЗНАМ, отчетноста не е формалност, туку обврска кон граѓаните.
Две години работа се доказ дека одговорното управување значи конкретниактивности, функционални институции и резултати што создаваат доверба.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија останува посветено на институционална одговорност, почитување на различностите и заштита на духовното и културното наследство, во интерес на граѓаните и на Македонија“, стои во соопштението.

