Опожарено „ауди“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Автомобил марка „ауди“ во сопственост на кумановец вчеравечер било опожарено на улицата „Драги Шутевски“.

– На 13.10.2026 во 22:11 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Драги Шутевски“ во Куманово било опожарено паркирано патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Љ.А. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работилница за креативно пишување за деца утре во Куманово