Триесет и тригодишен кумановец викендов пријавил дека бил физички нападнат од својот братучед.
– На 10.10.2026 во 19:27 часот во СВР Куманово С.К.(33) од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговиот братучед С.Б.(40) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против С.Б. ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски

