Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд.
Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до шесттиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне само 10 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 3 до максимални 13 степени целзиусови.
И во четврток ќе се задржи претежно облачно време со кратки сончеви периоди со слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 6 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 14 степени целзиусови.

Во петок повторно ќе имаме врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 3 до максимални 12 степени целзиусови.
Сабота носи сончево време со мала облачност со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 3 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 14 степени целзиусови.
Сончево време со мала облачност ќе имаме и во недела. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 6 до максимални 15 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

