Основниот суд во Куманово денеска го осуди Трајко Бојковски на доживотен затвор за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане.
Бојковски беше обвинет за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обидите за убиство на Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска.
Обвинителството бараше најстрога казна, доживотен затвор, оценувајќи дека изведените докази ја потврдуваат вината на обвинетиот.
Повеќе детали наскоро.
Никола Ивановски

