Отсекот за превенција при СВР Куманово се вклучи во меѓународната кампања „Focus on the Road“, која се спроведува од 5 до 11 октомври во 34 европски земји, со цел подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот за опасностите од користењето мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди.
Во рамки на кампањата, денеска во Куманово беше реализирана превентивна активност насочена кон возачите и пешаците кои користат мобилни телефони и други уреди додека учествуваат во сообраќајот.

Особено внимание е посветено на возачите кои користат мобилен телефон додека управуваат со возилото, но и на пешаците кои преминуваат преку пешачки премин со слушалки на ушите.
Од СВР Куманово посочуваат дека ваквото однесување го намалува вниманието и фокусот кон патот, со што се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди и тешки последици.

Началничката на Отсекот за превенција, м-р Лиле Младеновска, упати апел до сите возачи и пешаци совесно да се однесуваат во сообраќајот и доследно да ги почитуваат законските прописи.
– Во наредните денови се до завршување на Меѓународната акција против сите несовесни возачи и пешаци кои не ги почитуваат законските рамки и го загрозуваат својот и животот на други учесници во сообраќајот, кога користат мобилен слушалки или други електронски уреди, ќе се превземаат и законски казни за вакви несовесни учесници во сообраќајот, истакна началникот Младеновска.




Никола Ивановски

