Нова мобилна игра со зборови, инспирирана од добро познатата игра „Осумнасочник“ која порано можеше да се најде во весниците и списанијата, е дело на независниот програмер од Македонија, Дарко Петковски.
Играта „8 way – Најди го зборот“ е развиена самостојно, а концептот се темели на пронаоѓање зборови во осум различни насоки.

Иако правилата се едноставни, играта е осмислена така што бара концентрација, размислување и добро препознавање на зборовите.
Петковски вели дека инспирацијата ја добил токму од стариот „Осумнасочник“, кој со години бил дел од забавните содржини во весниците и списанијата.

„8 way – Најди го зборот“ претставува модерна верзија на тој познат концепт, приспособена за мобилните уреди и достапна за новата генерација играчи, но и за оние кои се сеќаваат на старата игра.

Играта е достапна на македонски јазик, како и на повеќе други јазици, а може бесплатно да се преземе на уредите со iOS и Android.
Со „8 way – Најди го зборот“, познатиот концепт на пронаоѓање зборови добива ново, дигитално издание, достапно за играње на мобилните телефони.


