Кумановскиот фудбалер Давид Масевски потпиша за словачки Тренчин

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот 21-годишен фудбалер Давид Масевски направи нов чекор во својата кариера, откако потпиша договор со ЗФЦ Тренчин од Словачка.

Масевски, кој игра на позицијата лево крило, минатата недела го потпиша договорот со словачкиот клуб, додека во петокот беше официјално регистриран како негов фудбалер.

Викендов го имаше и своето деби, а веднаш придонесе за екипата со асистенција при голот за 1:1.

 

 

До ангажманот во Словачка, Масевски стигнал преку скаутот Федиуков, кој го забележал неговиот потенцијал и го следел и во Шпанија. Таму кумановскиот фудбалер претходно поминал период во кој работел на својот развој и унапредување на играта, а токму преку Федиуков ја добил можноста да се пресели во Тренчин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПСК „Поларис“ утре организира крводарителска акција во Куманово

Во неговиот развој и кариера е вклучен и Миро Урхин, кој работи како помошник-тренер во прволигашката екипа на АС Тренчин.

Масевски вели дека договорот со Тренчин го гледа како важен чекор кон остварување на својата најголема фудбалска цел.

– Овој договор го гледам како само еден мал чекор до мојата голема цел, а тоа е еден ден да заиграм во една од Топ 5 лигите во Европа. Во таа цел верувам, а мојот нов тренер и скаут ми даваат поддршка, што ми дава уште поголема мотивација да работам и да се докажувам, вели Масевски.

За младиот кумановски фудбалер, настапот во Словачка претставува нова можност за напредок, собирање искуство и продолжување на патот кон највисоките европски фудбалски нивоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гала Трајковска од Куманово со прва титула во портокалов тенис

Никола Ивановски