Воено-биолошките активности на одредени земји надвор од нивните национални територии покренуваат сериозни прашања во однос на усогласеноста со Конвенцијата за забрана на биолошко и хемиско оружје.
Ова денеска го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
На семинарот за националната имплементација на Конвенцијата, Лавров рече дека биолошката безбедност е сè уште актуелно прашање, посочувајќи на прекуграничната природа на биолошките закани, потенцијалната злоупотреба на биотехнологијата и можната употреба на биолошки агенси и токсини како терористичко оружје, пренесе Спутник.
Според неговите зборови, воено-биолошките активности на одредени земји надвор од нивната територија, кои се вршат под изговор на соработка за превентивни или други мирољубиви цели, претставуваат сериозно прашање во однос на почитувањето на Конвенцијата.
Лавров оцени дека напорите за универзализација и зајакнување на режимот на Конвенцијата се потребни повеќе од кога било.
Како приоритети на Русија, тој го наведе развојот на универзален, правно обврзувачки и недискриминаторски протокол на Конвенцијата, со ефективен механизам за верификација, како и исполнување на обврските на државите потписнички на национално ниво.
Тој исто така рече дека Русија е за воспоставување систем за проценка на научниот и технолошкиот напредок во биолошкото поле и контрола на релевантните истражувања.

