Жители на Куманово и Тетово вчеравечер го нарушиле јавниот ред и мир на скопскиот аеродром со меѓусебна тепачка.
– На 20.09.2026 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Меѓународен аеродром Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т.(20) од Тетово и Б.А.(42) од Куманово, при што бил употребен и тврд предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
View this post on Instagram
Никола Ивановски

