Приведена 63-годишна кумановка поради питачење

Сподели со своите пријатели

Шеесет и тригодишна кумановка била приведена вчера откако полицијата ја затекнала како питачи.

– На 20.09.2026 во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја привеле Е.Р.(63) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа била затекната на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово како питачи.

Против неа, според соопштението, бил изготвен записник за констатиран прекршок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и тетовец се тепаа на скопскиот аеродром