Полска затвора два аеродрома поради закани од руски дронови

Сподели со своите пријатели

Полската државна агенција за управување со воздушниот сообраќај и контрола на небото (PANSA) денес објави дека започнале операции на воена авијација во воздушниот простор на земјата поради закани од руски беспилотни летала што дејствуваат на територијата на соседна Украина, поради што се затворени два аеродрома на истокот од земјата.

„Во врска со нападите извршени од Руската Федерација со употреба на млазни беспилотни летала на територијата на Украина, започнаа операции на воена авијација во полскиот воздушен простор. Поради потребата да се обезбеди слобода на дејствување на воената авијација, аеродромите во Лублин и Жешов привремено ги прекинаа летовите“, се вели во соопштението објавено од PANSA на платформата X.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Киев развива оружје кое би можело да ги промени правилата на играта: Москва има причина да се грижи!

Во соопштението се наведува дека Оперативната команда на полските вооружени сили, во согласност со важечките процедури, преку Центарот за воздушни операции, „ги активирала потребните сили и средства што ѝ се на располагање“, пренесува Танјуг.

„Земјените противвоздушни одбранбени системи и извидувачките радари се ставени во состојба на готовност. Овие мерки се од превентивен карактер и имаат за цел обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што се граничат со загрозените зони“, се вели во соопштението.

Се додава дека Оперативната команда на вооружените сили ја следи моменталната ситуација, како и дека полските сили и средства „остануваат подготвени за непосредна реакција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Русија нема да престане да се бори во Украина додека траат можните преговори