Во 2025 година, убиени се најмалку 124 еколошки активисти

Сподели со своите пријатели

Најмалку 124 еколошки активисти беа убиени низ целиот свет минатата година, според извештај објавен во среда од невладината организација „Глобал витнес“.

Повеќето од жртвите биле членови на домородните народи или мали земјоделци, а чести цели на напади биле оние кои се спротивставувале на рударството, сечата на дрвја, нелегалното користење на земјиштето и енергетските проекти.

Колумбија останала најопасната земја за „екологистите“ четврта година по ред, со 39 регистрирани убиства.

Втора најопасна земја за екологистите беше Бразил со 26 жртви, по што следуваат Хондурас и Филипините, секоја со по 12 жртви, според годишниот извештај на организацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ICE на Трамп руши рекорди: Во август уапсени дури 51.000 луѓе...

Латинска Америка учествува со 85% од сите убиства, што ја прави најсмртоносниот регион во светот за екологистите секоја година откако „Глобал витнес“ започна да ги објавува своите годишни извештаи во 2012 година.

Бројот на жртви на глобално ниво е намален во споредба со претходните години, но „Глобал витнес“ предупредува дека реалниот број е веројатно поголем бидејќи многу случаи остануваат непријавени.

Главниот автор на извештајот, Тоби Хил, рече дека луѓето што ја бранат земјата се „очите и ушите на светот“ на терен.

„Благодарение на нив, знаеме кога се уништуваат екосистемите, каде се сечат шумите или каде се загадуваат реките. Насилството со кое се соочуваат овие борци – вклучително и убиства во најекстремните случаи – е одраз на многу поширока борба за земјиштето и природните ресурси на светот“, рече Хил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проектил погоди брод во Ормутскиот теснец