Русија нема да ги запре борбите во Украина додека траат можните преговори, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува новинската агенција Ројтерс.
Лавров рече дека она што Русија го нарекува „специјална воена операција“ ќе продолжи за време на таквите преговори.
Украина постојано повторува дека прекинот на огнот треба да биде почетна точка за преговорите.
Лавров планира да се сретне со американскиот државен секретар Марк Рубио на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, објави денес руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Лавров, пренесува Ројтерс.

