Франција не се откажува од забраната на социјалните мрежи за деца под 15 години

Сподели со своите пријатели

Француската влада поднесува до Европската комисија нова верзија на предлогот за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 години, откако Уставниот совет претходно поништи клучен дел од законот.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владата, по детална техничка работа, пронашла решение кое треба да биде во согласност со приговорите на Уставниот совет и европското право.

„Оваа заштита мора да стане стандард за сите европски деца“, рече Макрон, посочувајќи дека Франција сака слична забрана да се воспостави на ниво на целата Европска Унија.

На 14 август, Уставниот совет ја поништи забраната за социјални мрежи за лица под 15 години, оценувајќи дека тоа претставува непропорционално ограничување на слободата на изразување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ја дрогирал и силувал сопругата две децении, споделувал видеа од злоупотребата: Британец призна 60 кривични дела

Претходно, на 21 јули, францускиот парламент усвои закон со кој се предвидува забрана за отворање нови сметки за лица под 15 години од 1 септември, како и прекинување на постојните сметки во рок од четири месеци, со задолжителна проверка на возраста.

По одлуката на Уставниот совет, Макрон го задолжи премиерот Себастијан Лекорни да подготви нов предлог.