Данска: Руски сигнални ракети речиси погодија наш воен хеликоптер

Сподели со своите пријатели

Руска фрегата испали две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер во меѓународни води крај брегот на Данска, кои речиси го погодија леталото, објави војската на нордиската земја членка на НАТО.

Хеликоптерот бил на рутинска мисија да фотографира руска фрегата, соопшти Данската одбранбена команда, објави Ројтерс.

Сигналните ракети се пиротехнички средства што обично се користат како предупредувачки сигнал на море, се додава во соопштението.

Данска ќе го покани рускиот амбасадор во Копенхаген на состанок во врска со инцидентот, изјави данскиот министер за одбрана Јепе Брус за ТВ2.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Конфликтот со Русија влегува во одлучувачка фаза