Путин се пофали дека освоил уште еден украински град. Доби брутален демант од Украина…

Сподели со своите пријатели

На 1 септември, рускиот претседател Владимир Путин објави дека руската армија го освоила Свјатохирск, град на истокот од Украина.

Некој од армијата го убедил дека тоа е вистина. Но, наскоро следеа негирања.

Тврдењата на Кремљ прво беа демантирани од висок воен генерал, а потоа и од самиот украински претседател Володимир Зеленски…

Еден ден по изјавата на Путин, руското Министерство за одбрана објави тврдења за освојувањето на градот, но не даде никакви докази за тоа.

Дури и некои руски провоени блогери изразија сомнежи во врска со тврдењата на московските претставници.

Ситуацијата стана појасна кога, само еден ден по објавувањето на руската армија, бројни украински новинари прошетаа низ Свјатохирск. Тие не видоа никакви руски војници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Обидот за напад со дрон врз Лајпциг бил подготвуван со месеци во Русија

Неколку дена подоцна, украинскиот Трет армиски корпус, одговорен за овој дел од бојното поле, објави видео со изјава од генералот Андриј Билецки.

Командантот слободно шеташе по улиците на градот, во близина на црквата, без шлем на главата, додека во позадина можеа да се видат цивилни возила.

– Не е дека никогаш немало руски војници во Свјатохирск, но тука сега можете да одите без никакви проблеми, иако е препорачливо да носите панцир – рече командантот на Третиот украински армиски корпус.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски дронови убија две лица на граничниот премин со Молдавија

Подоцнежните извештаи од украински, руски и други аналитичари на OSINT потврдија дека украинската армија веројатно успеала не само да го истисне непријателот од Свјатохирск, туку и да врати значајна територија во Лиманскиот регион.