Армиите на Австралија и Нов Зеланд ја зајакнуваат соработката, целта е поголема интеграција

Сподели со своите пријатели

Армиите на Нов Зеланд и Австралија продолжуваат да ја продлабочуваат соработката, а два австралиски борбени авиони F-35A со стелт технологија се во Нов Зеланд на заеднички вежби со армијата и воздухопловните сили на таа земја, изјави денес началникот на воздухопловните сили на Нов Зеланд, Дарин Веб.

Веб во интервју изјави дека армиите на двете земји одржале неколку заеднички вежби оваа година, со што сојузниците се движат подалеку од традиционалната „интероперабилност“, односно способноста за комуникација и заедничко дејствување, кон поголема интеграција, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека двете земји напишале „некои документи“ за тоа како двете армии можат потесно да соработуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Норвешка го погребува кралот. Зеленски, принцот Вилијам и бројни светски лидери на погребот

Според него, поблиската соработка меѓу двете земји би можела да помогне во решавањето на недостигот на персонал за време на распоредувањето.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Австралија изјави дека употребата на авиони P-8A Poseidon со заеднички мисиски системи и комуникациски мрежи би значело дека воздухопловните сили на двете земји би можеле брзо да ги интегрираат воздухопловните и екипите за одржување.