Неколку села и една улица во населбата Перо Чичо утре ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, утре во период од 08:30 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ во населбата Перо Чичо.
Без струја утре во период од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат селата Косматац, Мургаш, Пезово, К’шање, Кокошиње и Кутлибег.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

