Возел товарно возило во Куманово, а немал положено, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишник бил приведен викендов на патот Куманово  – Свети Николе, откако полицијата констатирала дека возел товарно возило, а немал положено.

– На 05.09.2026 во 11:30 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ш.(44) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле товарно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит.

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, додаваат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите сè уште над 30 степени

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против М.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски