Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и релативно топло време за овој перидо од годината.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе достигне 33 степени целзиусови.
И в среда ќе имаме сончево и многу топло време, со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 34 степени целзиусови.
Сончево и многу топло време ќе имаме и во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 16 до максимални 34 степени целзиусови.

Петок носи променливо облачно, но и натаму доста топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а максимумот ќе достигне 34 степени целзиусови.
Сабота носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и со пад на температурите. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен ветер, а температурите ќе се движат од минимални 14 до максимални 27 степени целзиусови.
Недела носи облачно време со дожд и грмотевици. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максимумот ќе достигне до 25 степени целзиусови.

Следната работна недела носи благо опаѓање на температурите.
Никола Ивановски

