Кумановец нападнал обезбедување во казино, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириест и петгодишник од Куманово бил приведен рано утринава откако нападнал обезбедување на казино.

– На 05.09.2026 година во 04:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(45) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на 05.09.2026 година околу 00:20 часот во казино во Куманово, физички го нападнал Г.Р.(33) од Куманово, кој извршувал работни задачи како обезбедување, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, А.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украдени пари од туристичка агенција во Куманово