Педесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички го нападнал неговиот син.
– На 01.09.2026 во 21:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.Т.(56) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Куманово се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот син, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

