Два комерцијални брода што пловеа под турско знаме се судрија денес во близина на Истанбул во Мраморното Море, а во тек е операција за пребарување и спасување откако е изгубен контактот со 10 членови на екипажот на еден од бродовите, соопшти канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
Во соопштението се вели дека бродови на крајбрежната стража и хеликоптери се испратени на местото на судирот за пребарување и спасување, и дека нема видлива штета на еден од бродовите, објави CNN Turkey.
Се нагласува дека властите не успеале да воспостават контакт со 10-те членови на екипажот на другиот брод, пренесува Танјуг.

