Делови од кумановско утре и задутре без струја

Сподели со своите пријатели

Одредени делови од Куманово утре ќе останат привремено без електрична енергија поради интервенции во мрежата.

Како што информираат од Електродистрибуција, во период од 07:45 до 14:45 часот без напојување со електрична енергија утре ќе бидат корисниците од улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“.

Во период од 08:00 до 14:30, утре прекини ќе има во селото Белановце, липковско.

Без струја пак во петок ќе остане дел од населбата Ајдучка Чешма, поточно улиците „524“, „525“, „526“, како и дел од улицата „300“ (ОД БАРА ДО МАГИСТРАЛА).

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Коалицијата никогаш не функционирала подобро (ВИДЕО)

Никола Ивановски