Осум лица загинаа во бродолом кај Кипар, се трага по 18

Сподели со своите пријатели

Осум лица загинаа, а по 18 сè уште се трага по бродолом кај северниот брег на Кипар.

Фериботот со 267 патници и екипаж се преврте вчера додека отпловувал од Киренија, пристаниште во северниот дел на Кипар контролиран од кипарските Турци, кон Тасуд, Турција.

Серкан Кундурачи, кој успеал да избега од фериботот лазејќи низ скршен прозорец, рекол дека видел деца и други луѓе како се дават во морето, на околу 7,5 километри од брегот на Кипар.

„Видов луѓе како умираат во морето, а не знаеја да пливаат. Имаше и такви што паничеа и не ги земаа своите појаси за спасување. Некои веднаш скокнаа (во морето) од страв. Имаше еден постар човек, не можевме да го спасиме. Се обидовме да го извлечеме, но не можевме. И тој се удави“, изјавил тој за новинската агенција ДХА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на жртви по катастрофалните поплави драматично се зголемува: Над 5.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати

Преживеаните рекоа дека фериботот почнал да се навалува и да полни вода откако слушнале неколку гласни звуци од под палубата.

Кога била издадена наредба за евакуација, додаде Кундурачи, меѓу патниците веќе се појавила паника.

Според него, бродот почнал да се навалува бидејќи капетанот се чинело дека се обидува да се врати во Киренија, која на турски е позната како Гирне.

Турската крајбрежна стража и армијата им помогнале на спасувачките екипи од северниот дел на Кипар.

Кипар беше поделен на етничка основа во 1974 година, а кипарските Турци прогласија независност во 1983 година. Северниот дел од островот е признат само од Турција, која има повеќе од 35.000 војници таму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Престрелка во кафуле во Германија: Полицијата го бара напаѓачот