Двајца приведени, откако натепале 57-годишник во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени вчеравечер по пријава дека физички нападнале 57-годишник од Куманово.

– На 30.08.2026 во 20:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги приведоа А.Б.(32) и А.К.(33), двајцата од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнале Т.Д.(57) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против А.Б. и А.К. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца браќа од Куманово завршија во болница откако ги натепале четири лица