Малолетник од Куманово завршил во болница по труење со алкохол

Сподели со своите пријатели

Малолетно лице викендов било примено со знаци на труење од алкохол во кумановската Општа болница.

– На 31.08.2026 во 00:16 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено малолетно лице од Куманово кое било затруено со алкохол, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските пожарникари со околу 100 интервенции помалку од лани (ВИДЕО)