Четириесет и седумгодишник од Куманово бил приведен викендов откако полициајта констатирала дека возел мотор без положен возачки испит.
– На 29.08.2026 во 15:20 часот на улица „11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ј.(47) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле мопед со кумановски регистарски ознаки, кој С.Ј. го управувал без положен возачки испит.
– По насоки на јавен обвинител, мопедот бил одземен и по целосно документирање на случајот против С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

