Иран нападна воздухопловни бази во Јордан и Обединетите Арапски Емирати откако САД нападнаа ирански позиции во Ормутскиот теснец, пишува британскиот Гардијан (The Guardian).
Часови подоцна, иранската државна телевизија објави дека супертанкерот се запалил откако удрил во две поморски мини додека се обидувал да помине низ јужниот дел од Ормутскиот теснец.
Нема информации за самиот брод ниту информации за неговиот екипаж.
Иранскиот корпус на револуционерна гарда (IRGC) предупреди дека другите бродови што ги кршат нивните правила „ќе ја претрпат истата судбина“, нагласувајќи дека почитувањето на прописите за премин низ Ормутскиот теснец е задолжително.
Последните американски напади врз Иран се случија кон крајот на јули.
Последната размена на оган започна доцна синоќа со американскиот напад на островот Ларак во Ормутскиот теснец.
„Можам да потврдам дека американските сили таргетираа два ирански лансери на островот Ларак порано денес“, рече американски функционер, според Гардијан.
„Силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда беа забележани како се подготвуваат да лансираат ракети со поморски мини во Ормутскиот теснец“, додаде тој.
ИРГК објави дека неколку војници и цивили се убиени и ранети во американскиот напад и дека Техеран ќе возврати.

