Четириесетгодишник од Куманово бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека возел и покрај активна забрана.
– На 30.08.2026 во 01:40 часот на регионалниот пат с.Доброшане-Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.К.(40) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.К. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал за време на активна забрана за управување со моторно возило.
– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот против М.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.
Никола Ивановски

