Кумановец одбивал алко-тест и бил агресивен кон полицајци. Во станица му измериле 1,57 промили

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен кумановец бил приведен викендов во населбата Перо Чичо, откако одбивал идентификација и алко тестирање, а бил и агресивен кон полициските службеници.

– На 30.08.2026 во 02:40 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Е.(39) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Е., при што тој одбил да даде документи за идентификација и да му се изврши алкотестирање, а при тоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските пожарникари со околу 100 интервенции помалку од лани (ВИДЕО)

– А.Е. бил

приведен во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, додаваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски