Неделна прогноза за Куманово: Што носи првата училишна седмица?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 17 стечени, додека максималната дневна се очекува да достигне 35 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 40-годишен кумановец, возел и покрај активна забрана

 

 

И утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 18 до максимални 33 степени целзиусови.

Среда носи претежно сончево и многу топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северозапден правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, додека максимумот во текот на денот ќе се искачи до 33 степени целзиусови.

Ноќта кон четврток се очекуваат услови за грмежи и врнежи од дожд.

Четврток носи сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските пожарникари со околу 100 интервенции помалку од лани (ВИДЕО)

 

 

И во петок ќе се задржи сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот минимум ќе се искачи до 30 степени целзиусови.

Сабота носи сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од југ. Температурата во утринските часови ќе се движи околу   15 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до високи 34 степени целзиусови.

И во недела ќе се задржи сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец одбивал алко-тест и бил агресивен кон полицајци. Во станица му измериле 1,57 промили

 

 

И во текот на следната работна недела ќе се задржат слични температури.

Никола Ивановски