Кинескиот претседател Си Џинпинг претседаваше со состанок на раководството на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) за да се разговара за напорите за спасување и помош по свлечиштето што го погоди округот Џиронг во автономниот регион Сизанг.
Си и другите кинески лидери им оддадоа почит на жртвите од свлечиштето што го погоди граничното пристаниште Џиронг, објави Синхуа.
На состанокот беше оценето дека спасувачките операции биле спроведени брзо, уредно и координирано, со напори за преместување на погодените жители и санација на последиците.
Беше истакнато дека операциите се отежнати од екстремно студената клима, стрмните долини, променливото време, бројните глечери и леднички езера, како и потенцијалните геолошки опасности.
На надлежните органи им беше наредено да преземат решителни мерки и да развијат научно засновани планови за пребарување и спасување, со максимални напори за пронаоѓање и спасување на сите исчезнати кинески и странски државјани, пренесува Танјуг.
На состанокот, исто така, беше објавено дека Кина ќе обезбеди итна помош на погоденото подрачје од катастрофата во Непал и ќе учествува во меѓународната соработка за спасување.

