УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

За време на викендот времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен, ветер од северозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  21-годишник од Куманово возел мотор без возачка, полицијата го привела

Максималната температура ќе се движи во интервал од 32 до 40 степени.

Никола Ивановски