Автомобил, сува трева, стрништа и ниска шума гореа во неколку кумановски села

Сподели со своите пријатели

Автомобил, сува трева, стрништа и ниска шума вчера биле опожарени во два пожари во неколку села во кумановскиот регион.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера патничко моторно возило се запалило во селото Косматац.

Четворица пожарникари на ТППЕ Куманово интервенирале во период од 07:05 до 08:25 часот.

Во атарот на селото Љубодраг вчеравечер избил пожар кој набргу потоа се проширил и на територијата на селата Умин Дол, Лопате, но и липковско Ропаљце.

Во овој пожар гиреле сува трева, стрништа и ниска шума.

Шестмина пожарникари со две противпожарни возила интервенирале во период од 21:00 до 23:40 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прогноза за Куманово: Какво време ќе имаме за продолжениот викенд?

Никола Ивановски