Песков: Одговорот на Русија на нападите врз инфраструктурата ќе биде суров

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе одговори „остро“ на украинските напади врз нејзината економска и трговска инфраструктура.

„Украина се обидува да ја нападне нашата економска и трговска инфраструктура, предизвикувајќи одмазднички акции од наша страна, а тој одговор ќе биде суров“, изјави Песков за Блумберг.

Тој оцени дека на Русија не ѝ е потребна никаква „воена ескалација“ во Украина, наведувајќи дека руските вооружени сили веќе напредуваат, пренесува Танјуг.

„Ако зборувате за воена ескалација, едноставно не ни е потребна затоа што така и така се движиме напред“, рече портпаролот на Кремљ, објави ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е човекот кого Трамп тајно го испрати во Москва? Ги водеше двете најмоќни американски разузнавачки институции