Со метален предмет неколку малолетни лица вчера попладне нападнале врсник на булевар во Куманово.
– На 25.08.2026 во 15:50 часот во СВР Куманово, Д.М.(35) од Куманово пријавил дека на 25.08.2026 на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, неговиот малолетен син со метален предмет бил нападнат од неколку малолетни лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

