Тројца малолетници вчеравечер биле физички нападнати од неколку нивни врсници во кумановско Ново Село.
– На 26.08.2026 во 01:10 часот во СВР Куманово, M.T.(36) од кумановско село пријавила дека на 25.08.2026 околу 21:50 часот во Ново Село, кумановско, нејзиниот малолетен син и двајца негови другари, исто така, малолетници, биле физички нападнати од неколку малолетни лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

